Во рамките на клучната акција К3 Националната агенција за европски програми и мобилност му даде поддршка на Секретаријатот на Националниот Младински Совет на Македонија –НМСМ, да спроведе консултации за VI циклус на Структурен дијалог, чија цел на спроведување е фокусирана на тоа како ЕУ може да го подобри животот на младите луѓе.
НМСМ одлучи консултаците за структурен дијалог да ги спроведе во 8 (осум) региони на ниво на Република Македонија и тоа : Тетово, Штип, Гевгелија, Битола, Кавадарци, Куманово, Скопје и Струга.
Како имплементатор на активноста за вардарскиот регион е избрана Невладината Организација Совет за Превентива Против Малолетничка Деликвенција од Кавадарци, која е истовремено и членка на НМСМ.
Структурен дијалог е инструмент што гарантира дека мислењето на младите луѓе е земено предвид при дефинирањето на политиките на Еврпската унија поврзани со младите луѓе. Еден циклус трае 18 месеци и се однесува на конкретна тема. Во моментот се одвива VI циклус на консултации со кој управуваат Естонија, Бугарија и Австрија.
Овој прашалник ќе овозможи младите луѓе во Македонија да споделат свое мислење за очекувањата од Европската Унија, и да дадат препораки за подобрување на политиките за млади на Европска Унија кон Западен Балкан и Македонија во новата младинска стратегија 2019 – 2027.
Прашалникот е наменет за лица од 13 до 30 години и е изработен од страна на Управувачкиот тим за Структурен дијалог на Европската Унија.
На ден 20.02.2018 година во Младинскиот Клуб на СППМД се одржа консултативната средба за Структурен дијалог на тема на која учестово зедоа 30 млади на возраст од 16 до 29 години како и претставници од институциите.