Со поддршка на канцеларијата на УНИЦЕФ, во деновите 30.11-01.12.2017 година во хотел Инекс Горица во Охрид, се одржа, четвртата по ред специјализирана работилница за обука на сите лица кои постапуваат со деца – жртви на насилство.
На работилницата учествуваа преставници од центрите за социлајна работа, полицијата, обвинителството и судовите. Целта на работилницата е сите лица задолжени за постапување со дете жртва да се стекнат со специјализирани знаења врз основа на донесените процедури.
Работилницата беше спроведена од страна на националниоте експерти проф.д-р Гордана Лажетиќ, вон.проф.д-р Лазар Нанев, д-р Невенка Петровска и Цена Чаловска.