Процесни мерки за заштита на децата жртви во кривичната постапка
Во деновите од 20 до 30 Март 2018 година, на Правниот факултет во Штип, во специјализираната судница, за обука на лица задолжени за спроведување на системот на правда за деца во Република Македонија, се одржаа шест работилници, за Симулирано судење за постапување со деца жртви во кривичната постапка,на кој учесниците за првпат имаа можност практично да ја применат најсовремената ИТ опрема, да симулираат испитување на дете –жртва, да го снимаат неговото испитување и потоа да го репродуцираат, како и да применат посебни процесни мерки на заштита и тоа конференциска врска.
Целта на работилниците беше сите лица задолжени за постапуивање со дете-жртва, да се стекнат со практични знаења за примена на ИТ опремата при примената на посебните процесни мерки за заштита на децата, а согласно законот за правда за децата и ЗКП.
На работилниците учествуваа преставници од центрите за социлајна работа, полицијата, обвинителството и судовите.
Работилниците беа спроведени од страна на националните експерти проф.д-р Гордана Лажетиќ од Правниот факултет во Скопје, вон.проф.д-р Лазар Нанев, од Правниот факултет во Штип и судија, д-р Невенка Петровска од Заводот за социјални дејности во Скопје, Цена Чаловска од Министерството за внатрешни работи, доц.д-р Олга Кошпевалиска од Правниот факултет во Штип и вон.проф.д-р Тодор Витларов од Правниот факултет во Штип и Виш јавен обвинител, со подршка на ИТ лицето Александар Максимов од Универзитетот ,,Гоце Делчев,,, во Штип.