Проектот „Safebook” е фокусиран на унапредување на безбедноста на младите во
Србија, Италија, Хрватска и Северна Македонија преку зајакнување на младинските
работници и едукаторите. Проектот има за цел да развие нови методи на младинска
работа на полето на младинската безбедност, да ги опреми младинските работници и
едукаторите со сет на нови едукативни алатки од областа на безбедноста на младите и
да ја подигне свеста за безбедносните прашања во локалните заедници во 4 земји.
Главниот интелектуален резултат е прирачникот „Safebook”; Документот вклучува
нови и иновативни методологии и креативни алатки во форма на младински прирачник
за младински работници.
Ново развиениот прирачник се фокусира на 5 сегменти од
безбедноста на младите: насилство од врсници, сајбер малтретирање, злоупотреба на
психоактивни супстанции, дискриминација и ментално здравје во време на КОВИД-19.
Проектот „Safebook” се спроведува во партнерство помеѓу Клубот за зајакнување на
младите 018 (КОМ 18) од Ниш-Србија, Здружението надвор од границите од
КоратоИталија, Советот за превенција на малолетничка деликвенција (СППМД) од
Кавадарци
– Северна Македонија и Импрес од Дарувар. – Хрватска. Период на реализација: 01.03.
– 30.11.2021 година. Проектот е кофинансиран од Програмата Еразмус +, ЕУ преку
Стратешко партнерство во областа на млади КА205
Советот за превентива против малолетничка деликвенција е невладина организација во која на доброволна основа членуваат граѓани од Р.М. заради воспоставување на систем за правда за децата, превенција од детско престапништво и систем за благостсојба на децата