На ден 27.12.2017 година во просториите на Владата на Република Македонија, се одржа конститутивната седница на Националното координативно тело за заштита на децата од злоупотреба и занемарување, на која претседаваше Министерот за труд и социјална полтика Мила Царовска.
На конститутивната седница, најпрво свое излагање имаше Бенџамин Перкс, претсваник на УНИЦЕФ, а потоа од страна на проф.д-р Лазар Нанев се изврши презентација на Индикаторите за следење на состојбата со децата жртви на насилство, кои во изминатата година беа развивани од страна на национални експерти во шест области, социјала, здраство, образование, полиција, обвинителство и судство.
Како членови на Националното координативно тело за заштита на децата од злоупотреба и занемарување, ја користиме оваа прилика да искажеме јавна поддршка до сите членови, со цел остварување на мисијата за која се назначени.