На ден 13,10,2017 год. во хотел Континентал Скопје се одржа работилница со претставници од институциите во Република Македонија и со националните експерти, со цел презентација на предлог листата на индикаторите за следење на состојбата со децата жртви од насилство, кои треба да овозможат создавање на унифициран модел и постапка за собирање и анализа на статистички податоци со цел да се следи состојбата и да се креираат ефективни превентивни стратегии и превентивни политики.
Овој проект е финансиран од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.