Конституенти на СППМД се најпрво нејзините членови и институциите, ЦСР, полицијата, обвинителството и судовите, од цела Р.М. кои ја прифаќаат мисијата и визијата на СППМД и заеднички работат на остварување на краткорочните и долгорочните цели на СППМД преку заеднички или самостојни проекти.
Понатаму, тимот на СППМД заедно со УО, соработниците, едукаторите, партнерите, ангажираните експерти и претседателот се лица кои доаѓаат од граѓанскиот сектор и се истакнати доктори на науки, правници, судии, адвокати, политиколози и ИТ професионалци кои заеднички учествуваат во спроведување на активностите на организацијата и во планирање на следните активности.
Како конституенти се јавуваат и партнерски организации во и надвор од земјата, со кои СППМД соработува и тоа надворешните соработници, судските органи, судии, обвинители како и законодавните и владините органи.
Советот за превентива против малолетничка деликвенција е невладина организација во која на доброволна основа членуваат граѓани од Р.М. заради воспоставување на систем за правда за децата, превенција од детско престапништво и систем за благостсојба на децата