Визијата гласи – моќна и стабилна организација, двигател и партнер на институциите, во настојувањето во Република Македонија да се воспостави благосостојба за децата, недискриминација, учество на децата во донесувањето на одлуките кои се од нивно значење, заштита од секаков вид на насилство, почитување на детските права во сите постапки пред институциите, особеено ЦСР, полицијата, обвинителството и судовите, а во насока на настојувањето Р.М. да се издигне како земја во која целосно ќе се почитуваат човековите права и слободи, со посебен акцент на стандардите за правда за децата како елементарен услов за интегрирање во Европската Унија.
Мисијата за креирање на силна законска регулатива, преку донесување на Законот за правда за децата, негово надградување, имплеметирање, мониторинг, евалуација на законот, донесувањето на процедурите за постапување со децата жертви од насилство како задолжителни упатства за постапување во полицијата, обвинителството и судовите, донесувањето на индикаторите за следење на ефикасноста на законите за правда за децата, огромниот број на обуки за лицата кои работат во системот на оправда за децата,ја дефинираат препознатливоста на органзиацијата, која е на високо ниво како единствена специјализирана организација која врши професионални обуки за лицата задолжени за примена на законите во делот на правда за децата, односно лицата кои работат во ситемот на правда за децата.
Особвено организацијата е препознатлива по креирањето на Процедурите за заштита на децата жртви од насилство, за сите институции, нивната задолжителна примена во институциите, како и континуираната обука која неколку години по ред се спроведува.
Организацијата продложува со тие конттинуирани обуки, како и со креирање на Коментар на законот за правда за децата и сите формулари-обрасци по кои постапуваат надлежќните институции, за да се обезбеди правичен систем за децата.
Советот за превентива против малолетничка деликвенција е невладина организација во која на доброволна основа членуваат граѓани од Р.М. заради воспоставување на систем за правда за децата, превенција од детско престапништво и систем за благостсојба на децата