СППМДСППМД
contact@sppmd.org.mk;
Facebook
Google+
Instagram
Skype
  • Почетна
  • За Нас
    • Годишно собрание
    • Борд – Менаџмент
    • Организација
    • Структура
    • Цели
    • Мисија и визија
    • Донатори
    • Галерија
    • Годишен извештај
  • Новости
  • Проекти
  • Публикации
  • Програми
  • Контакт

VI-ти Циклус на Структурен Дијалог

февруари 21, 2018sppmdНовостиNo comments

Во рамките на клучната акција К3 Националната агенција за европски програми и мобилност му даде поддршка на Секретаријатот на Националниот Младински Совет на Македонија –НМСМ, да спроведе консултации за VI циклус на Структурен дијалог, чија цел на спроведување е фокусирана на тоа како ЕУ може да го подобри животот на младите луѓе.

НМСМ одлучи консултаците за структурен дијалог да ги спроведе во 8 (осум) региони на ниво на Република Македонија и тоа : Тетово, Штип, Гевгелија, Битола, Кавадарци, Куманово, Скопје и Струга.

Како имплементатор на активноста за вардарскиот регион е избрана Невладината Организација Совет за Превентива Против Малолетничка Деликвенција од Кавадарци, која е истовремено и членка на НМСМ.

Структурен дијалог е инструмент што гарантира дека мислењето на младите луѓе е земено предвид при дефинирањето на политиките на Еврпската унија поврзани со младите луѓе. Еден циклус трае 18 месеци и се однесува на конкретна тема. Во моментот се одвива VI циклус на консултации со кој управуваат Естонија, Бугарија и Австрија.

Овој прашалник ќе овозможи младите луѓе во Македонија да споделат свое мислење за очекувањата од Европската Унија, и да дадат препораки за подобрување на политиките за млади на Европска Унија кон Западен Балкан и Македонија во новата младинска стратегија 2019 – 2027.

Прашалникот е наменет за лица од 13 до 30 години и е изработен од страна на Управувачкиот тим за Структурен дијалог на Европската Унија.

На ден 20.02.2018 година во Младинскиот Клуб на СППМД се одржа консултативната средба за Структурен дијалог на тема на која учестово зедоа 30 млади на возраст од 16 до 29 години како и претставници од институциите.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последни објави

  • Проект „Safebook”
  • Симулација на судење
  • СППМД како партнер во проектот It’s Time!
  • VI-ти Циклус на Структурен Дијалог
  • Конститутивната седница на Националното координативно тело за заштита на децата од злоупотреба и занемарување

СППМД Институт Кавадарци

Советот за превентива против  малолетничка деликвенција е невладина организација во која на доброволна основа членуваат граѓани од Р.М. заради  воспоставување на систем за правда за децата, превенција од детско престапништво и систем за благостсојба на децата

Facebook
Google+
YouTube
Instagram
Skype

Мапа

Контакт

ул. Браќа Хаџи Тефови бр.28
contact@sppmd.org.mk
+389 78 30 77 70
+389 43 412 947
© 2017 СППМД Институт Кавадарци. Сите права се задржани.