Советот за превентива против малолетничка деликвенција – СППМД, како партнер во проектот It’s Time!
Ја имавме таа чест како организација да го организираме филмскиот фестивал на кратки клипови , стоп анимации и песните кој беа направени од сите партнери на овој проект.
Овие клипови , стоп анимации и видеа беа на тема родова рамноправност кои беа направени во 8 држави ,Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Албанија, Австрија, Чешка и Македонија.
Првично младите во овие земји беа обучувани преку тематски и креативни работилници на тема родова рампноравностза потоа тие да ги направат овие продукти за да им ја доближат поблиску целата тематика на своите врсници.
Филмскиот фестивал се одржа во домот на културата во Кавадарци каде имаше голем број на млади од сите основни и средни училишта.